Русија нема конкуренција на Мундијалите за кадетки

По третпат во својата историја репрезентативките на Русија до 18 години ја освојуваат титулата светски шампионки во кадетска конкуенција. Полска беше домаќин на овој турнир во Келце, а во финалето играа Русија и Украина во кое поуспешни беа Русинките и го освоија златото.

300x250

Со освојувањето на ова Светско првенство, Русија стана рекордер по бројот на освоени титули на едно Светско првеснтво за кадетки отако претходно победуваа и на Мундијалите во 2008 и 2016 година.

Финалето беше круна на ипресивните партии кои ги прикажуваа Русинките, а оваа победа од 29:27 беше нивната најминимална на ова првенство откако во групната фаза славеја со три гола разлика против холанѓанките.

Натпреварот почна цврсто и во првото полувреме гледавме постојани промени во водството. При крајот на овој дел Русија успеа да се одвои на три гола позитива и да замине на полувреме со водство од 15:12.

Русинките успеваа да водат низ текот на целото второ полувреме, а највисокото водство го имаа во 41. минута кога водеа со пет гола разлика. Во понатамошниот тек Унгарките успеаја горе – долу да се вратат во натпреварот и ја намалија негативата на минус два во 56 минута. Кога беше најпотребно Унгарија направи неколку технички грешки кои не поминаа неказнето од Русија која на крај го доби натпреварот со резултат 29:27.

Михаиличенко и Кридијашева со десет и осум постигнати погодоци беа најуспешни во руските редови, додека кај Унгарките најпродуктивна беше Ченге Кусора која постигна осум погодоци. Во малото финале Јужна Кореја славеше убедливо со 34:27 против Шведска.

ОЛ-СТАР ТИМ

Голман: Ана Вешерчак ( Русија )

Лево крило: Јеџин Јун ( Ј. Кореа )

Лев бек: Изабела Андерсон ( Шведска )

Среден бек: Валерија Кирдијашева ( Русија )

Десен бек: Сојун Парк ( Ј. Кореа )

Десно крило: Кира Банфаи ( Унгарија )

Пивот: Никита ван дер Вилет ( Холаднија )

Најдобар стрелец: Никита ван дер Вилет (Холандија), 64 гола.