Русинот останува во Скопје: Шишкарев и в година „црвено-црн“

Десното крило Данил Шишкарев и во следната сезона ќе биде член на македонскиот првак Вардар. Рускиот интернационалец и управата на „црвено-црниот“ тим договорија соработка и за следната сезона, па Шишкарев ќе остане во Скопје.

За него играњето во Вардар е прво интернационално искуство и од 2014 година тој е член на македонскиот првак. Како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Лигата.

Шишкарев првпат со Вардар, а вторпат во кариерата ќе игра и на Ф4 турнирот во Келн, во Лигата на шампионите. Сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од ЛШ, од кои 5 на последниот четвртфинален натпревар против Фленсбург во Скопје.