Романци ќе и судат на Македонија

Македонија денеска во Загреб го започнува настапот на петтото Европско првенство. Прв противник на избраниците на Раул Гонзалес ќе биде селекцијата на Словенија, која е наш стар должник.

Европската ракометна федерација веќе ги објави судиите за првиот натпревар на нашата репрезентација, а тоа ќе бидат Романците Сорин Лаурентиу Дину и Константин Дин.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра во „Арена Загреб“ со почеток во 19:30 часот, додека првиот меч од групната фаза меѓу Германија и Црна Гора започнува од 17:15 часот.