Романците одлучија за помала сала, а поголем притисок: Клуж има убавица, а ќе играме во „ѕверот“

На утрешниот дуел меѓу Романија и Македонија во Клуж ќе има голем притисок од трибините. Ракометарите на Македонија ги очекува пекол доколку трибините бидат исполнети до последно место.

Ќе биде возбудливо со оглед на тоа што салата наликува на СРЦ „Кале“ или на „Младост“ во Битола, а тоа значи дека публиката е во близина на клупите и на двете аут линии што значи дека ќе има големи проблеми за ракометарите.

Тие ќе немаат голем избор освен да се соочат со притисокот, а на трибините може да има максимум 3500 гледачи. Салата „Хорија Демијан“ е помалата во Клуж и веројатно намерно е избрана за да може да се направи поголем притисок.

Воедно салата е претопла бидејќи денеска не работеше климата, но јасно е дека репрезентативците на Македонија се веќе искусни и сигурно ќе знаат да се снајдат и во ваква атмосфера.