Романските фанови: Андреа, следната сезона Вардар и Букурешт ќе ја поделат европската титула (ФОТО)

Андреа Лекиќ и нејзините соиграчки од Вардар не можат да го скријат разочарувањето по вчерашниот пораз од Ѓер во финалето на Лигата на шампионите. Оваа година тагата е многу поголема ако се знае дека и дефинитивно дојде крајот на убавата петгодишна приказна наречена ЖРК Вардар. Најголемиот дел од ракометарките на социјалните мрежи ги споделија своите чуства, а Андреа Лекиќ не успеа да најде зборови со кои ќе го опише тоа што се случи вчера. Единствено најде сила да им се заблагодари на сите за поддршката која и ја даваа во годините наназад.

300x250

Веќе е јасно дека следната ракометна дестинација на Андреа Лекиќ и најголемиот број вардарки е ЦСМ Букурешт, па навивачите на овој клуб  започнаа да и ја даваат поддршката. Фановите на романскиот шампион не ја криеа возбудата од пристигнувањето на Лекиќ во Букурешт, а воедно и ветија дека веќе следната сезона има шанса да го освети Вардар, и во дресот на нивнот клуб да се радува на нова европска титула.

Дел од коментарите како поддршка за Андреа Лекиќ од страна на романските фанови.