Романија и годи: Дајана Јовановска уште една година во Данубиус

Македонската репрезентативка Дајана Јовановска и следната сезона ќе ги брани боите на Данубиус Галаци во романскиот шампионат. Таа го продолжи договорот за уште една сезона откако нејзиниот тим избори опстанок.

Јовановска, заедно со втората Македонка во Данубиус, Елена Ливриниќ беа носители на играта во романскиот тим, но ретко имаа поддршка од другите ракометарки, па нивниот тим во финишот на сезоната загуби неколку дуели во серија и мораше преку бараж да бара опстанок.

Левиот бек на македонската репрезентација потекнува од тимот на Металург, а романскиот тим е прва станица во нејзината интернационална кариера.