Роденденска честитка од ЕХФ за Пенезиќ: Ем ѕвезда на колото, ем дел од ТОП 5 голови (ВИДЕО)

Вардар останува единствен тим без пораз во групната фаза од Лига на шампионите, по триумфот на гостински терен кај ФТЦ, 29:28. На овој меч меѓу оние ракометарки што особено се истакнаа е и Андреа Пенезиќ со 9 постигнати голови. Од страна на ЕХФ таа беше избрана за една од трите ѕвезди на колото.

Наградата од ЕХФ доаѓа како подарок за 32 роденден на Пенезиќ. На мечот во Унгарија таа беше вистински лидер, и кога ривалот се надеваше дека ќе успее да се одбрани стигнуваше проектил од Пенезиќ. Имаше визија во секој напад, покажа и нова сила и квалитет. Еден од головите на Пенезиќ е избран и во Топ-5 гола на колото, а видео изборот на ЕХФ ТВ за трите ѕвезди на колото можете да го видите ТУКА.