Роберто Парондо после победата во Монпелје: Горд сум на овие момци!

Наследникот на Раул Гонзалес, Роберто Парондо успеа да направи одличен резултат уште на почетокот на сезоната во Лигата на шампионите и да го надигра тимот на Монпелје, кој сезонава ја брани круната во најсилниот куп. Тој го водеше Вардар до победа против Монпелје од 27:24 и тоа на гостински терен што е одлична најава за натамошниот дел од сезоната.

300x250

После средбата на прес-конференцијата, Парондо не го криеше задоволството од остварениот резултат и од она што неговите момци го прикажаа на теренот.

„Многу сум горд на моите ракометари. Тие направија одличен резултат. Многу е тешко да се игра во Монпелје и да се дојде до позитивен резултат. Игравме против актуелниот првак и стартувавме со победа, а тоа одлично. Успеавме едноставно да го запреме противникот“, изјави после натпреварот тренерот на Вардар, Роберто Парондо кој успеа да стартува со победа во Лигата на шампионите.

Оваа победа ќе биде мотив плус за понатаму, а следен противник е Кристијанштад, кој доаѓа во Скопје на 22 септември.