Роберто Парондо: Одигравме подобро отколку во првото коло

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо имаше уште еден меч на кој дојде до победа со својот клуб. Успеа да ја продолжи серијата во СЕХА почната од Раул така што работите одат во истиот победнички правец.

Ова беше вкупно 28 меч во серија на кој Вардар е без пораз, а од нив 27 се победи. Серијата трае од 13 декември во 2016 година, а доколку се продолжи во ваков стил тогаш ќе биде уште подобро.

„Одигравме подобро отколку на првата средба. Им го кажав ова и на ракометарите после натпреварот. Ова темпо кое го имавме беше на повисоко ниво со повисок степен на интензитет. Не е лесно да се победи тимот на Железничар со ваква разлика иако се млади и неискусни. Се работи за добри играчи, па драго ми е што успеавме да се избориме за ваков резултат“, коментрираше Парондо. Следниот меч Вардар го има во Прешов, а го игра в недела.