Роберто Парондо: Го почитуваме Металург, но наша цел е…

Освојувачот на СЕХА-лигата, Вардар в среда ќе ја отворат новата сезона и ќе се обидат да имаат уште еден одличен шампионат во кој ќе се борат за висок пласман. На првата прес-конференција беше најавен дуелот против Металург, на кој ќе се игра одново интересен меч.

300x250

„Се извинувам што не можам на првата прес-конференција да зборувам на македонски. Уште не сум подготвен за да зборувам добро, но за еден месец ќе можам да го направат тоа. Стартуваме во СЕХА-лигата со натпреварот против Металург. Имаме проблеми со неколку ракометари. Играме повторно со  тим кој е наш стар ривал. Не сме во најдобар момент бидејќи не сме комплетни, но нашата стратегија е на секој натпревар да одиме на победа“, изјави Парондо.

Тој очекува ова да биде поинаков натпревар отколку што беше одигран во Струга.

„Одигравме добра средба со Металург во Струга во Супер купот. Сега ситуацијата е поинаква и ова е сосема друг натпревар. Го почитуваме противникот и го респектираме, но нашата цел ќе биде да одиме на победа на секој натпревар“, коментираше Парондо.