РК Струга на крилата на „паткари“ полета кон суперлигата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската Суперлига од наредната сезона ќе биде побогата за екипите на РК Бутел и РК Струга. Ако „Бутел“ веќе одамна си обезбеди место меѓу елитата, „Струга“ тоа го направи вечерва во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, каде излезе како победник од бараж дуелот против Металург 2 со конечен резултат 32-24.

Нов предизвик за новата управа предводена од претседателот Наумче Мојсовски која донесе огромна радост за верните навивачи од Струга и го врати елитниот македонски ракомет во градот на Дрим по пауза од повеќе од деценија.

Сега останува само да се потврди онаа констатација „Струга е ракометен град…“ и во македонската Суперлига.