Рк Вардар и ЖРК Металург најдобри во пионерска конкуренција

Изминатиот викенд во Скопје и Битола се одржаа Ф4 турнирите во двете пионерски лиги на Македонија во машка и женска конкуренција.

300x250

На Фајнл Фор турнирот во Скопје кој се играше во СЦ „Кале“ РК Вардар до титулата стигнаа по победата во големото финале над РК Аеродром со 27-20. Оваа титула пионерите вардарци ја заслужија, откако во тековната сезона беа единствента екипа која беше без пораз. Претходно во полуфиналето Вардар беа подобри од ГРК Тиквеш од Кавадарци, додека РК Аеродром го совлада тимот на КЛ-7 Струга. Во мечот за третотот место Тиквеш беа подобри од стружани со 23-21.

За најдобар играч на овој турнир беше избран Леонид Киселковски од РК Аеродром, додека најдобар голман беше Леонид Чорогулов од Вардар. Признанието за најдобар стрелец го понесе Емилијан Ѓорговски од КЛ-7 Струга.

На завршниот турнир во женска конкуренција кој се одржа во СЦ „Јован Калаузи“ во Битола ЖРК Металург во финалето беа подобри од ЖРК Пелистер со убедливи 22-13 и ја оправдаа фаворитската улога на овој турнир. Тимот од Автокоманда сезоната ја заврши со 14 победи од исто толку натпревари и сосема заслужено стигнаа до титулата. За разлика од финалниот меч, натпреварот за третото место помеѓу ЖРК Делчево Вардар и ЖРК Куманово беше далеку поинтересен. ЖРК Делчево ја освоија бронзата по победата на пенали, откако мечот во регуларниот тек заврши 19-19.

Ангела Јанкуловска од ЖРК Пелистер го доби признанието за најдобар играч на турнирот, Елена Поповска од Металург е избрана за најдобар голман, додека најдобар стрелец беше Јована Илиевска од ЖРК Делчево Вардар.