Ристовски со 44 проценти одбрани го запре Пуенте Хенил

Репрезентативниот „чувар на мрежата“ на Македонија, Борко Ристовски имаше одлична вечер на гостувањето со Барселона кај тимот на Пуенте Хенил. Барселона победи со 38:19, а Ристовски имаше 44,1 процент успешност.

Ристовски успеа да запре 15 удари од вкупно 34 кон неговиот гол. Тој бранеше во текот на сите 60 минути така што имаше одлична вечер и придонесе за новите бодови на Барселона со кои само се оди кон нова титула во Асобал лигата.