Ристовски и ја донесе првата круна на Бенфика (ВИДЕО)

Борко Ристовски уште на првиот натпревар во својот нов клуб покажа дека ќе биде огромно засилување за Бенфика во првенство.

Бенфика го освои Супер купот на Португалија откако го совлада шампионот Спортинг со 29:24 и тоа во интересен дуел. Ова беше најава дека работите во португалското првенство може да се сменат и Бенфика да биде далеку поконкурентна.

Какво засилување е Ристовски за тимот на Бенфика се виде веќе на првиот дуел кога успеа да запре тешки удари на противникот. Тој придонесе во голема мера, а тоа на крајот резултираше и со освојување на титулата во првото натпреварување во сезоната.

Бенфика имаше убава предност уште во првото полувреме кога водеше со 14:11, па во вторите 30 минути само ја надополни оваа позитива за конечен триумф.