Ристовски и Барселона ќе се борат за трофејот во Асобал Купот

Откако завршија со обврските во Асобал лигата, ракометарите на Барселона, каде игра македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, ги чекаат уште двата дуели од Асобал Купот и ќе заминат на подготовките со националните тимови.

300x250

Барселона прослави сигурен триумф над Гвадалахара со 36:22 во полуфиналето, а во борбата за трофејот ќе се соочат со домаќинот на Ф4, Адемар Леон. Гвадалахара беше составот кој им откина бод на каталонците во натпревар од Асобал лигата и ја прекина победничката низа од 133 натпревари.