Ристовски и Барселона го освоија Асобал Купот (ВИДЕО)

Ракометарите на Барселона се старо-нови освојувачи на Асобал Купот, откако во финалниот меч беа подобри од домаќинот на завршниот турнир, Адемар Леон со 28:22. Каталонците уште од стартот беа во предност, а на пауза заминаа со 15:11. До крајот само рутински ја довршија задачата.

300x250

Нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски исто како и во полуфиналето против Гвадалахара, не доби шанса за настап, а Гонзало за цел меч забележа 15 одбрани. Најдобри стрелци беа Н’Гесан, Мем и Ривера со по 6 голови.