Ристовски и Барса завршија со Асобал лигата, на ред е Купот

Со победата над Теукро, и тоа убедлива со 28:38, ракометарите на Барселона, каде игра македонскиот чувар на мрежата Борко Ристовски, завршија со обврските во Асобал лигата за 2017 година. Ристовски играше во првото полувреме против Теукро и забележа 4 одбрани, додека Гонзало во вториот дел запиша само 3 одбрани покрај своето име.

300x250

Сепак остануваат уште два меча за Ристовски и неговиот тим, пред да дојде во Скопје за собирот на националниот тим. Барселона викендов ја очекуваат средбите од Асобал Купот, чија завршница ќе се игра во Леон. Таму играат домаќинот на турнирот и најдобрите три екипи по завршувањето на првиот дел од Асобал лигата, а тоа се уште Гранољерс и Хелветиа Анаитасуна.