Ристовски зададе домашна: Лидер на голманите после првото коло на Мундијалот

Првиот голман на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски одработи одличен натпревар против Јапонија и собра 19 одбрани според официјалната статистика со што е број 1 според бројот на интервенции после првото коло.

Тој зададе сериозна задача за противниците и сигурно ќе биде интересно во продолжение од шампионатот, а веќе денеска ќе дојде до одредено поместување бидејќи ќе има средби во само две групи, па дури утревечер ќе има комплетен преглед во однос на собраните интервенции.

Во однос на процентот на одбранети удари далеку напред е Никлас Ландин со 71 отсто, додека Ристровски е на делба на 4. место со голманот на Ангола со 45 проценти на одбранети удари.

НАЈМНОГУ ОДБРАНИ (ТОП 10)

19 – Борко Ристовски (Македонија)

18 – Џовани Мучисенгу (Ангола)

18 – Торбјорн Бергеруд (Норвешка)

18 – Јаејонг Парк (Кореја)

15 – Андреас Волф (Германија)

15 – Роланд Миклер (Унгарија)

12 – Винсент Жерард (Франција)

12 – Кристијан Пилиповиќ (Австрија)

12 – Карим Хендави (Египет)

12 – Марин Шего (Хрватска)