Ристовски го скроти Адемар Леон

Барселона по тешката победа над Висла Плоцк во Лигата на шампионите, им се врати на обврските во Асобал лигата, а таму нема проблеми со ниеден противник. Исклучок не беше ниту Адемар Леон, кој си замина од Барселона со пораз, 28:20.

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски блескаше на голот и забележа вкупно 14 одбрани од 34 шута упатени кон неговиот гол за сите 60 минути, што е скоро 42% успешност. Следен предизвик за Барса ќе биде дуелот од ЛШ против Кристијанштад во Шведска.