Ристовска одлична, но Крим беше немоќен против шампионот Ѓер

Екипата на Ѓер славеше и во петтото коло од Лигата на шампионите против Крим каде настапува Сара Ристовска. Европскиот првак немаше проблеми во Љубљана и оствари победа со 23-32. Нашата интернационалка, во поразот на својот тим успеа да погоди четирипати и беше втор стрелец во екипата.

Оваа игра на десното крило и нејзините колешки не беше доволна за подобар резултат, а Ѓер беше премногу моќен за Крим. Највисоката предност која ја имаше европскиот шампион беше плус девет, а со таа разлика и заврши мечот.

Едуарда Аморим Талеска со седум голови беше најзаслужна за победата на Ѓер, додека Корнелија Грут постигна шест. Кај Крим, покрај четирите голови на Ристовска, по четири пати погодија, Олга Предери и Ламприни Цакалу, а најпрецизна беше Нина Жулиќ со пет.