Ристовска: На крајот од денот најважно е што сме на Ф4! (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар по четврти пат се пласираа на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, откако во четвртфиналниот двомеч беа подобри од данскиот претставник Митјиланд. По првата победа во Данска со 26:28, избраничките на Ирина Дибирова, иако потешко од очекувањата, славеа победа и на вториот натпревар со 26:24. Десното крило Сара Ристовска влезе во вториот дел и ја раздвижи играта на вардарки. Таа смета дека најважното во овој момент е пласманот на Ф4. Целосната изјава погледнете ја во продолжение…