Ристовска и Крим со +40 до трофеј во Супер купот

Шампионот на Словенија, Крим Меркатор продолжува со доминацијата во домашните натпреварувања, па веќе е додаден нов трофеј од новиот Супер куп во и онака богатата колекција. Овој пат тоа беше направено со победа од дури 40 гола разлика.

Крим Меркатор немаше достоен ривал во Загорје и го совлада овој тим со убедливи 51:11. Тука и нема што посебно да се опишува за натпреварот бидејќи резултатот говори доволно, а на оваа средба Сара Ристовска реализираше петпати.

Со оваа победа Крим влезе победнички во новата сезона и се очекува да има далеку подобри игри и во Лигата на шампионите. Јасно е дека во Словенија ќе нема проблеми за титулата, но затоа во ЛШ е во група со Ѓер и Турингер, па ова ќе биде интересно натпреварување.