Ристовска блесна во Лигата на шампионите и го наполни голот на Подравка

Екипата на Крим каде настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска во 4. коло од Лигата на шампионките успеа да ја совлада Подравка со убедливи 27:20.

Со пет погодоци, Ристовска беше една од клучните ракометарки во триумфот на нејзиниот тим. Од самиот старт, Крим покажа дека е далеку поквалитетен од хрватскиот противник. Домаќинките во еден период од првиот дел заминаа на големи 10:4, но Подравка успеа да ја ублажи оваа негатива и на полувремето замина со четири голови негатива.

Крим и во вториот дел продолжи во истиот ритам како и на почетокот. Потоа следеше еден период во кој Подравка се врати на минус еден, но сепак брзите контри реализирани од Сара Ристовска и нејзините соиграчки не дозволија „од готово вересија“, и до крајот успеаја потполно да го надиграат противникот и убедливо да слават.

Вчера победа забележа и Ростов Дон против Копенхаген со 30:25, а денеска се играат нови пет средби од 4. коло.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО

ГРУПА А

НЕДЕЛА, 04.11.2018

13:30ч

ОДЕНЗЕ – ЛАРВИК

19:00ч

БУДУЌНОСТ – МЕЦ

ТАБЕЛА: 1. Мец 5 бода (75:63); 2. Одензе 3 (80:75); 3. Будуќност 2 (77:76); 4. Ларвик 2 (68:86).

ГРУПА Б

РОСТОВ ДОН – КОПЕНХАГЕН    30:25

Вјахирева 7, Манагарова 6, Абинг 5 – Хансен 5, Нилсен 3, Блом 2.

НЕДЕЛА, 04.11.2018

15:00ч

БРЕСТ – САВЕХОФ

ТАБЕЛА: 1. Ростов Дон 7 (116:96); 2. Копенхаген 4 (114:107); 3. Брест 3 (96:88); 4. Савехоф 0 (70:105).

ГРУПА Ц

КРИМ МЕРКАТОР – ПОДРАВКА              27:20

Цакалу 6, Ристовска 5, Бариќ 5 – Милосављевиќ 5, Јежикава 4, Турк 3.

ПОНЕДЕЛНИК, 05.11.2018

19:00ч

ЃЕР – ТУРИНГЕР

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 6 (110:72); 2. Крим Меркатор 5 (104:106); 3. Подравка 3 (102:113); 4. Турингер 0 (68:93).

ГРУПА Д

НЕДЕЛА, 04.11.2018

14:30ч

ФТЦ РАИЛ КАРГО – БИТИГХАЈМ

17:30ч

ЦСМ БУКУРЕШТ – КРИСТИЈАНСАНД

ТАБЕЛА: 1. ЦСМ Букурешт 4 (93:88); 2. ФТЦ Раил Карго 4 (86:87); 3. Битигхајм 3 (82:83),  4. Кристијансанд 1 (80:83).