Ривера се враќа во Нант: Шпанецот ќе биде замената за Клајн кој заминува во пензија

Левото крило на Барселона и шпанската репрезентација- Валеро Ривера, по две години пауза и настап во каталонскиот дрес на Барселона, повторно ќе се врати во Франција и ќе го носи дресот на Нант.

Ривера ќе го замени германецот Доминик Клајн кој ќе оди во пензија на крајот на оваа сезона, а дресот на Нант ќе го носи во наредните три сезони.

“Kлајн имаше понуда да продолжи во Нант, но откога се реши да стави крај на  својата кариера, веднаш започнавме преговори со Ривера. Ние му предлеживме дека има можност да се врати во Нант, но не мислевме дека ќе биде толку брзо. Драго ни е што нашата идеја за неговото враќање многу брзо стана реалност, и го поздравуваме враќањето на Валеро во Нант”- изјави претседателот на Нант-Гаел Пелетие.

Ривера во својата кариера има настапувано за шпанските Барселона, Арагон, Алгесирас, Гвадалахара, Виго, па на ред стигна неговиот прв интернационален предизвик-екипата на Нант каде настапуваше шест сезони од 2010 до 2016, од каде повторно се врати во Барселона чиј дрес го носеше заклучно со оваа сезона.