Ривера пристигна во посета на Лазаров (ФОТО+ВИДЕО)

Валеро ривера потпиша договор со Нант и практично по две години пауза следната сезона повторно ќе го облече виолетовиот дрес.

Шпанецот пристигна во Франција на промоција а времето го искористи и да се види со своите старо идни колеги. Најголемиот број од екипата на Нант, а една сезона беше соиграч и со нашиот Кирил Лазаров во Барселона.

 

Ривера цели шест сезони од 2010 до 2016 година настапуваше во Нант, пред да направи трансфер во Барселона чиј дрес го носи во изминативе две години. Во Франција пристигнува како замена за актуелното крило на Нант-Доминик Клајн, кој на крајот на оваа сезона заминува во пензија.