Ривалството со Будуќност се продлабочува: Итана Грбиќ во ЖРК Вардар

Иако се ближи крајот на трансфер периодот, македонскиот шампион, ЖРК Вардар продолжува да се засилува за следната сезона. По ангажирањето на Барбара Лазовиќ, Андреа Пенезиќ, Ања Алтхаус, Олга Черноиваненко и Алена Ихнева, нова ракометарка во редовите на “црвено-црните” е црногорката Итана Грбиќ.

k1
Фото: www.pobjeda.me

Итана Грбиќ е актуелен член на ЖРК Будуќност и носител на играта на кадетската репрезентација на Црна Гора, игра на позиција лево крило, но одлично се снаоѓа и на бековските позиции. Тоа го потврди на светското кадетско првенство кое се одржа во Македонија, Итана Грбиќ беше избрана во идеалниот тим како најдобро младо лево крило на светот. Со своите 18 години, таа ќе го предводи новиот бран ракометарки кои во иднина ќе бидат носители на играта, за да се одржат високите афинитети на екипата која со внесување на свежина и талентирана младина ќе добие на квалитет и компактност во иднина.
Овој трансфер добива на тежина со фактот што младата црногорка го напушта големиот ривал Будуќност за со ЖРК Вардар да потпише договор на четири години. Одлична инвестиција на управата на македонскиот првак и продолжување на трендот квалитетни засилувања кој започна минатата сезона.

itana grbic
Фото: www.pobjeda.me
Поради тоа што ги пропушти поголемиот дел од подготовките, а на нејзината позиција веќе играат искусните Дембеле и Зебиќ, Грбиќ до јануари ќе игра во вториот тим на Вардар, кој ќе се натпреварува во ЕХФ Купот, а потоа ќе тренира под палката на Индира Кастратовиќ во првиот состав. ЖРК Вардар ќе може да смета и на останатите три млади талентирани ракометарки, Симона Стојановска, Сара Митова и Драгана Петковска кои потпишаа професионални договори со првата екипа на Вардар.