Ривалите на Македонија во иста група и на ЕП во Франција

Репрезентациите кои беа во групата со Македонија во квалификациите за Европското првенство во Франција, Шведска и Србија се најдоа во иста група и за шампионатот кој се игра во декември.

Во групата со Шведска и Србија се најдоа Данска и Полска, а интересно ќе биде и во групата Б каде актуелниот светски првак и домаќин на шaмпионатот, Франција ќе игра со Црна Гора, Русија и Словенија што секако ќе бидат одлични средби.

И другите две групи ќе понудат интересни пресметки бидејќи во едната група се Унгарија, Шпанија и Холандија, додека во другата Норвешка, Романија и Германија.

Ова значи дека нема да има слаби натпревари туку секој меч ќе биде одличен и во првата и во втората фаза на шампионатот.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЖЕНИ

ФРАНЦИЈА 2018

ГРУПА А: Данска, Србија, Шведска, Полска.

ГРУПА Б: Франција, Црна Гора, Русија, Словенија.

ГРУПА Ц: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска.

ГРУПА Д: Норвешка, Романија, Германија, Чешка.