Репрезентативно засилување за ЖРК Будуќност

Црногорската репрезентативка Марина Рајчиќ е прво засилување за Будуќност за сезоната 2018/2019.

Актуелната голманка на француски Мец потпиша петгодишен договор со поранешниот европски шампион, и после три години повторно се враќа во Подгорица.

Рајчиќ беше дел од шампионските денови на Будуќност од 2012 до 2015 година, од каде замина во Мец чии бои ги бранеше изминатите три сезони.

Со репрезентацијата на Црна Гора е носител на златен медал од ЕП во Србија 2012 и сребрен медал од Олимписките игри во Лондон истата година.