Репрезентативката останува во Романија: Елена Ливриниќ потпиша нов договор со Данубиус

Средниот бек на македонската репрезентација Елена Ливриниќ и во следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат. Таа ќе го продолжи престојот во Данубиус Галаци за уште една сезона, откако нејзиниот тим избори опстанок во најквалитетното романско друштво.

Ливриниќ кариерата ја започна во младинските погодни на некогашниот европски првак Кометал ЃП, а потоа со успех настапуваше за тимот на Металург, со кој играше и во европските купови. Романија е нејзината прва дестинација надвор од Македонија.

Во Галаци сезонава настапуваше уште една македонска репрезентативка, Дајана Јовановска.