Репрезентативец на Хрватска пред трансфер во Висла Плоцк

Еден од тимовите кои можат да се соочат со Вардар во четврт-финалето од Лигата на шампионите, Висла Плоцк работи на засилување на тимот за следната сезона, а според информации кои кружат во моментов на голот на оваа екипа  треба да застане репрезентативецот на Хрватска, Иван Стевановиќ. Актуелниот „чувар на мрежата“ на Кадетен Шафхаузен е пред заминување од Швајцарија иако има договор до 2020 година, а вториот по квалитет тим од Полска сака да го види во своите редови.

Трансферот се очекува да биде објавен во текот на следната недела, а доколку ова биде потврдено од клубот тогаш Стевановиќ ќе биде во тандем со Адам Моравски на голот на Висла.

Воедно тоа значи дека местото на Борбели и Вихари е доведено во прашање. Можно е еден од нив да си замине, а нема да биде изненадување ако и двајцата си побараат нов клуб за следната сезона.