Репрезентативец на Македонија застана на „лудиот камен“ (ФОТО)

Пивотот во репрезентацијата на Македонија го искористи крајот на сезоната за крунисување на својата љубов со поранешна ракометарка. Никола Маркоски „рипна во тавче“ и се ожени со Ане Миленкоска.

300x250

Маркоски е македонски репрезентативец веќе една деценија, а последната сезона ја мина во рецовите на Орошази од Унгарија. Најавено е дека се враќа во Македонија и би требало да го облече дресот на Е. Работник.

Ане Миленкоска, пак, е поранешна ракометарка која играше на крилните позиции, па ова е уште едно крунисување на ракометна љубов.