Рајн Некар со нова висока победа

Филип Талески немаше можност за погодоци на дуелот против Мелзунген, но неговите колеги одлично ја завршија задачата и беше обезбедена нова победа во Бундес лигата со 34:26.

Ова беше очекуван триумф за ракометарите на Рајн Некар бидејќи беа фаворити и пред натпреварот, па на теренот само го потврдија сето ова водејќи во најголемиот дел од средбата.

Со новите бодови, Рајн Некар се најде на врвот на табелата со шест бода исто колку што имаат и Флензбург и Магдебург.

Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески немаше погодоци и упатен удар кон голот на противникот така што ќе почека шанса до следниот меч.