Рајн Некар со втора победа, македонскиот репрезентативец без погодок

Филип Талески остана без реализација на вториот меч сезонава во Бундес лигата на кој екипата на Рајн Некар Левен успеа да забележи втора победа. Ова беше на гостувањето на Штутгарт со 26:20, а победата беше сосема очекувана.

Рајн Некар влезе како фаворит на овој дуел и тоа го оправда и на теренот, па како што одминуваше времето само се зголемуваше разликата и до крајот на средбата можеше да се одигра сосема мирно.

Ова беше дуел на кој Абутовиќ одново имаше клучна игра во одбраната, а немаше погодоци со оглед на дефанзивните задачи.

Со втората победа Рајн Некар влезе во нова добра сезона и потврдува  дека е меѓу кандидатите за титулата и во овој шампионат.