Рајн Некар се враќа во шема: Талески со еден гол во убедливиот триумф над Штутгарт

Екипата на Рајн Некар се врати во потребниот ритам во Бундес-лигата, а денеска беше целосно надигран составот на Штутгарт и совладан со 33:23.

Филип Талески повторно доби свој дел од овој дуел, а во нападот имаше постигнато само еден погодок. Сепак, со сиот свој придонес тој добива сè позначајна улога и затоа не е секогаш најважното во бројот на погодоците.

Талески има важна улога во одбраната каде што има голем напредок, па затоа секоја победа на Рајн Некар е од големо значење и за него, а новите бодови значат дека тимот полека се враќа на победничките патеки. Со овој триумф Рајн Некар е на бод зад Флензбург и Фуксе Берлин, а тоа значи одлично продолжение на најсилниот шампионат во светот на ракометот.