Рајн Некар Левен го продолжи договорот со уште еден искусен играч

Можеби има 38 години, но е се уште ефикасен. Исланѓанецот Александер Петерсон официјално го продолжи својот договор со Рајн Некар Левен до 2021. Договорот кој го имаше Петерсон, истекуваше ова лето, но солидните партии кои ги покажува овој искусен играч ги натера надлежните во тимот да ја продолжат соработката со Исланѓанецот.

Пристигна од Фуксе Берлин пред шест години, а приликата која ја доби од својот сегашен тим му причинува големо задоволство.

„Одамна се стремев кон тоа да го продолжам договорот со Рајн Некар Левен. Јас и моето семејство се чувствуваме многу удобно овде и сум силно убеден дека ќе останам „лав“ се до 2021“, вели Петерсон.

Инаку, овој десен бек во својата кариера покрај за Рајн Некар, има настапувано и за Грота, Дизелдорф, Гросвалштат, Фленсбург и Фуксе Берлин. За својата репрезентација во 171 настап погоди 694 голови, а во 2011 година, беше сместен во најдобриот тим на Светското првенство.