Рајн Некар и Талески тргнаа кон одбрана на круната

Составот на Рајн Некар и Филип Талески имаа нова одлична вечер во Бундес лигата и забележаа голема победа на гостувањето кај Хановер со 26:23 со што беа освоени важни бодови во битката за титулата.

Рајн Некар веќе има 48 поени, а тоа се два повеќе од Флензбург, состав од кој има и меч помалку. Ова значи дека Рајн Некар е на пат да ја одбрани титулата што е показател дека Филип Талески и колегите немаат конкуренција и годинава во трката за шампионскио трофеј.

На оваа средба Талески немаше бројки во статистиката, но беше најважно да се одигра добро и да се освојат двата поени, а тоа им успеа на ракометарите кои ја бранат круната во Бундес лигата.