Рајн Некар денеска ги лечи раните против Кристијанштад

Со натпреварот меѓу Рајн Некар и Кристијанштад кој се игра во Манхајм од 19 часот стартува 5. коло во Лигата на шампионите после кое ќе следува пауза до почетокот на ноември од натпреварите во најсилниот куп.

Денеска ќе биде одигран само еден дуел од 5. коло на кој се очекува Филип Талески да добие многу поголема минутажа од претходните средби и да придонесе за нов добар резултат на својот тим во Лигата на шампионите. Рајн Некар ќе ги лечи раните од поразот во Скопје, па денеска ќе треба да биде даден максимум на теренот.

Другите средби се играат за време на викендот. Тогаш ќе има неколку средби кои ќе бидат во центарот на вниманието, а Вардар има ново тешко гостување во Полска кај тимот на Келце. Металург игра во Русија, а интересни дуел ќе има и меѓу Монпелје и Веспрем.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, МАЖИ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

ГРУПА А

СРЕДА, 10.10.2018

19:00ч

РАЈН НЕКАР – КРИСТИЈАНШТАД

САБОТА, 13.10.2018

16:00ч

МЕШКОВ БРЕСТ – БАРСЕЛОНА

17:30ч

МОНПЕЛЈЕ – ВЕСПРЕМ

НЕДЕЛА, 14.10.2018

17:00ч

КЕЛЦЕ – ВАРДАР

ТАБЕЛА: 1. Вардар 8 бода (116:101); 2. Барселона 6 (144:115); 3. Келце 6 (124:118); 4. Мешков Брест 4 (113:115)…

ГРУПА Б

НЕДЕЛА, 14.10.2018

16:50ч

СКЈЕРН – ПСЖ

17:00ч

ПИК СЕГЕД – ФЛЕНЗБУРГ

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ППД ЗАГРЕБ

19:00ч

НАНТ – ЦЕЛЈЕ

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 8 бода (135:105); 2. Пик Сегед 8 (119:106); 3. Скјерн 5 (122:125); 4. Флензбург 4 (114:109)…

ГРУПА Ц

САБОТА, 13.10.2018

15:00ч

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – МЕТАЛУРГ

БЕШИКТАШ – БЈЕРИНГБРО СИЛКЕБОРГ

18:00ч

ТАТРАН ПРЕШОВ – СПОРТИНГ

ТАБЕЛА: 1. Бјерингбро 6 (131:111); 2. Спортинг 6 (122:110); 3. Татран Прешов 6 (110:98); … 6. Металург 0 (97:126).

НЕДЕЛА, 14.10.2018

ГРУПА Д

САБОТА, 13.10.2018

17:30ч

ВАКЕР ТУН – АДЕМАР ЛЕОН

НЕДЕЛА, 14.10.2018

18:10ч

ЕЛВЕРУМ – РИХИМАЕН КОКС

20:00ч

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ВИСЛА ПЛОЦК

ТАБЕЛА: 1. Висла Плоцк 6 бода (122:97); 2. Динамо Б. 6 (121:120); 3. Адемар Леон 5 (102:101)…