Рајн Некар го „врза“ Шмид до 2022 година

Kапитенот на Рајн Некар Левен, Енди Шмид ја продолжи својата соработка со својот тим и ќе го носи жолтиот дрес до 2022 година. Клубот ја објави оваа информација на официјалниот веб-сајт.

Плејмејкерот претходно имаше договорна обврска со тимот која му траеше до 2020 година и со овој нов договор големи се шансите Рајн Некар Левен да биде тимот во кој Шмид ќе ја заврши својата кариера.

Ова е голем потег за германскиот состав, ако се знае дека Шмид е клучниот играч во тимот, а станува збор за ракометар пет пати по ред е избран за најдобар во Бундес лигата. 

Искусниот Швајцарец пристигна во Мајнхајм од Бјерингбро во 2010 година и оттогаш два пати ја освои Бундес лигата, а во 2013 беше шампион во ЕХФ купот со својот тим.