Рајнкинд од „лав“ станува „зебра“?

Норвешкиот репрезентативен десен бек Харалд Рајнкинд на крајот на сезоната си заминува од Рајн Некар Левен и како што стојат работите најверојатно ќе потпише за најголемиот ривал на „лавовите“, Кил.

Рајнкинд во Мајнхајм пристигна во 2014 година од тимот на Филинген Берген, а имаше договор на уште една сезона со германскиот првак. Сепак тој порано од предвиденото ќе биде ослободен од обврските бидејќи добиваше мала минутажа од Николај Јакобсен.

Кил моментално има три десни бекови, Марко Вујин, Штефан Вајнхолд и Кристијан Цајц, а веројатно челните луѓе на „зебрите“, Рајнкинд го планираат како замена за ветеранот Цајц.