Раце високо горе: „Црвено-црните“ први ја чекираа картата за главна фаза (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските првенки со шеста победа во низа ја затворија групната фаза од Лигата на шампиониките. Немоќен беше десеткуваниот Турнигер кој иако имаше добар резултат 40 минути, на крајот заминува со висок пораз 29-21. Вардарки се вртат кон главната фаза, кон нов предизвик на патот кон Будимпешта.