Раул утре ќе одлучи дали ќе прави измена

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес ќе има едена вечер за размислување околу составот со кој утре ќе истрча на теренот на дуелот против Романија. Во комбинација се сите 17 ракометари и до последен момент нема да биде јасно кои играчи ќе добијат шанса за да играат.

300x250

Еден ќе биде прекуброен, а тој ќе се знае на техничкиот составот, па Раул заедно со Парондо и Царчев ќе има една ноќ да одлучи веројатно на кои двајца голмани да им ја даде довербата утревечер.

Македонија е дојдена со осум гола предност и треба истата да ја одбрани. Ќе биде навистина тешко, но јасно е дека во составот на Раул ќе нема место веројатно за еден од голманите. Сепак, додека не падне одлуката кои ќе бидат оние 16 сите се во игра и до утре до техничкиот состанок сите се во игра.