Раул: Сите знаеја како треба да одиграат

Раул Гонзалес со Вардар ја освои Лигата на шампионите, а со македонската репрезентација се пласираше на ЕП во Хрватска. Како никогаш досега, Македонија беше доминантна против незгодната Чешка и победи со 33:20. Шпанецот како и секогаш беше краток и јасен по мечот.

„Одигравме одлично во текот на целиот натпревар. Сите ракометари знаеја како треба да играат и немам никакви забелешки. Одиме на ЕП каде што се селекции како Шпанија, Германија, Данска… Има многу до Хрватска, па за таму ќе размислуваме кога ќе дојде времето.“ – изјави Раул.