Раул: Под притисок сè е поинаку, но Македонија е подготвена!

Македонската ракометна репрезентација вчера во Загреб го одржа првиот трениг по пристигнувањето во Хрватска.
Селекторот Гонзалес ги склопува последните коцки од мозаикот кој треба да го покаже новото лице на Македонија на овој Европски шампионат.

300x250

Шпанецот се уште ја нема донесено конечната одлука кои ракометари ќе бидат пријавени за утрешниот меч против Словенија, а тоа ќе биде соопштено вечерва по техничкиот состанок на репрезентацијата.

“Дојде времето за првиот натпревар. Досега беше едно, игравме пријателски натпревари, тренинзи и се беше без притисок. Сега доаѓа на ред натпреварот со Словенија, тоа е добра репрезентација, освојувач на медал од последното СП. Со почетокот на првенството доаѓа и притисокот, а кога се игра под притисок, се изгледа поинаку. Но, ние сме подготвени и мислам дека ќе одиграме добар натпревар.
За конечниот список, имаме уште време. Вечерва во 20:00 часот е техничкиот состанок и тогаш ќе објавиме кои 16 играчи ќе играат утре”.

Дуелот Македонија-Словенија на програмата е утре (сабота) со почеток во 19 часот и 30 минути.