Раул одлучи, истите момци од Скопје тргаат по победа и во Клуж

Репрезентацијата на Македонија нема да има измена во составот со кој настапи на првиот дуел против Романија. Раул одлучи да им верува на оние 16 ракометари кои го добија првиот дуел против Романците во Скопје и денеска ќе игра во овој состав.

300x250

И денеска на голот ќе бидат Ристовски и Митревски, додека другите 14 херои се Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

Единствениот кој денеска ќе го нема во тимот, а допатува во Клуж е голманот Златко Даскалоски, кој не се најде меѓу 16 ракометари.

Овие играчи денеска ќе се обидат да дојдат до победа против Романија и да се пласираат на Мундијалот. Предноста е 32:24, а мечот почнува од 17:30 часот.

Кај Романците има двајца нови ракометари. Во тимот е пријавени Цог и Соаре, а ги нема Росу (заработи повреда во Скопје) и Кабут.