Раул: Ние сме Вардар и треба да победуваме на сите мечеви

Ракометарите на Вардар по победата над Загреб во Лигата на шампионите, нема да имаат многу време за одмор. По враќањето во Скопје избраниците на Раул Гонзалес ги чека нов меч, овојпат од СЕХА Лигата. Противник е српскиот вицепрвак Динамо Панчево, кој нема да биде проблем. Тимот од Србија има само 1 победа и 6 порази. Тренерот Раул вели дека Вардар како шампион мора да победува на сите мечеви.

„Малку сме уморни, и немавме време многу за подготовки за овој натпревар. Ние сме фаворити, играме во Скопје. Очекувам да играме интензивно, и треба да победуваме на сите мечеви. Не знаеме како ќе бидат играчите, имаме денеска тренинг и ќе видиме на тренинг. Имавме интензивен меч во саботата. Но, сега треба да се фокусираме на СЕХА Лигата.“ – изјави Раул.

Мечот меѓу Вардар и Динамо Панчево се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот,