Раул: Не ме прашувајте повеќе за млади и стари ракометари, за мене и Кире е млад!

По нашата победа над Јапонија со 38-29 на стартот на Мундијалот во Германија и Данска, селекторот Раул Гонзалес на новинарско прашање за тоа дали против Бахреин шанса ќе добијат младите ракометари, одговори дека за него нема таква поделба.

„Секогаш ме прашувате за млади, млади, млади ракометари. За мене нема таква поделба, за мене има играчи што играат помалку или повеќе. За мене Кире е млад. Иако кажав дека сум задоволен од победата, сепак ова не беше идеален натпревар и нашата игра треба да биде подобра во следните натпревари“, вели Раул.

Следниот натпревар Македонија го игра в недела во „Олимпијахале“ во Минхен против уште еден азиски противник, Бахреин, со почеток во 14:00 часот.