Раул и ПСЖ победнички против Екс, остануваат при врвот

Во осмото коло од најсилната лига на Франција се одиграа пет натпревари. Победи однесоа сите фаворити, а во најинтересниот натпревар ова коло, Шамбери го совлада Нант и се врати на првата позиција.

Од останатите натпревари, вреди да се одбележи победата на ПСЖ, предводен од селекторот на репрезентацијата, Раул Гонзалес. Парижаните славеа против Екс ан Прованс со 31:27 и по поразот на Нант се наоѓа на само еден бод помалку од директниот конкурент, но има и натпревар помалку.  Микел Хансен со десет и Ким Екдал ду Риц со осум голови беа најзаслужни за триумфот.

Дуелот кој го одиграа екипите кои се борат за опстанок, Понто Комбо и Истр заврши со убедлив триумф за домаќинот од 29:22. Победата на овој натпревар на Понто беше прва во најсилната лига на Франција со што сега бодовното салдо од два поени е исто за четири тимови кои се борат за опстанок и со самото тоа се очекува интересна борба за задржување во највисокиот ранг во Франција. 

РЕЗУЛТАТИ: 

Данкерк – Рен 25:17 (9:6).

Сен Рафаел – Трембле 33:29 (16:14).

Понто Комбо – Истр 29:22 (15:10).

Нант – Шамбери 29:33 (14:17).

ПСЖ – Екс 31:27 (17:14).

ТАБЕЛА: 1. Шамбери 15 (+30), 2. Нант 14 (+26) 3. ПСЖ 13 (+50, – 1 меч), 4. Ним 11 (+16, – 1 меч) 5. Монпеље 10 (+16, – 2 меча)…