Раул и Парондо повторно заедно (ФОТО)

Тандемот кој соработува во репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалес и Роберто Парондо се најдоа на едно место. Тие се подготвуваат за новата сезона, а мораа да ги обноват лиценците за новата сезона.

300x250

Семинарот се одржа во Мадрид, а таму беа во друштво на новиот тренер на Мешков Брест, Маноло Каденас, стратегот на Пик Сегед, Хуан Карлос Пастор и уште неколку други сонародници.

Ова се последни подготовки пред стартот на тренинзите за новата сезона. Парондо ги собира ракометарите на Вардар на 24 јули по што ќе следуваат активностите за новиот шампионат, додека Раул Гонзалес го очекуваат новите предизвици во тимот на ПСЖ.

Вардар и ПСЖ сезонава нема да можат да се сретнат, па Раул и Парондо ќе можат да бидат заедно на клупата дури во квалификациите за следното Европско првенство и тоа на дуелите против Турција и Грција кои треба да се одиграат во октомври.