Раул има „џокер“ меѓу 17 играчи кои допатуваа во Клуж (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија пристигна во Клуж и вечерва ќе го има единствениот тренинг пред утрешниот дуел против Романија. Во средбата која утре од 17:30 часот се игра во салата „Демијан“, Македонија влага со предност од осум гола разлика.

300x250

После победата од 32:24 на првиот натпревар сега е за очекување Македонија да одигра мудро и да успее да излезе како севкупен победник. Инаку, во составот со кој Македонија допатува во Клуж нема изненадувања. Тука се сите 16 играчи кои настапија и на првиот дуел в неделата во Скопје.

Единствената разлика е во тоа што во комбинација е и голманот Златко Даскалоски кој ќе конкурира за место во тимот. Раул обично игра со два голмани, па после денешниот тренинг ќе падне одлука дали ќе има смена во составот или и утре истите 16 ќе тргнат по обезбедување на место на Мундијалот во Германија и во Данска.

Расположението меѓу репрезентативците на Македонија е одлично. Тие се подготвени за она што се очекува од нив и затоа утре може да се очекува максимум на теренот.