Раул има решение за сите, па и за Монпелје

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Монпелје падна во финалето на турнирот во Стразбур, а тоа го донесе новиот стратег на ПСЖ, Раул Гонзалес до првата победа со својата нова екипа.

Селекторот на Македонија и поранешен тренер на Вардар со ова покажа дека стартува на одличен начин со својот тим. Победата од 33:30 против Монпелје е показател дека ПСЖ ќе биде главниот фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Во текот на целата средба од финалето имаше интересен ракомет, а двете екипи беа близу со резултатот. Првото полувреме го доби ПСЖ со 17:16, додека второто донесе нешто подобра игра и уште два гола плус.

Со оваа победа Раул најави дека ПСЖ останува прв кандидат за сите титули во првенството и може да се очекува добра сезона. Инаку, за потсетување на турнирот во Стразбур, ПСЖ ремизираше со Вардар и ги совлада Мешков Брест и Монпелје.